Повеќе драма имаше надвор од теренот, отколку на него – Тиквеш со „покер“ ја остави Воска во втора лига

Екипите на Тиквеш и Скопје и во следната сезона ќе настапуваат во првата македонска фудбалска лига, откако славеа на двата денешни баражи.

Особено, внимание пред почетокот беше ставено на мечот меѓу Тиквеш и Воска спорт, односно за неговата локација и промената на терените од страна на ФФМ.

На крајот, Тиквеш славеше со убедливи 4:1 а стрелци на головите беа Едиз Спахиу (12′), Иван Ивановски (17′), додека Изаир Емини пред крајот на првиот дел намали на 2;1.

Во вториот дел, Љамчевски и Спахиу ги отстранија сите дилеми околу прашањето за тоа кој ќе игра во елитата следната сезона.

Филип Јаневски, пак со два гола е херојот на Скопје, кој пак со триумфот од 2:1 над Беласица, исто така си обезбеди прволигашки живот во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести