6849 ПАОК – Волфсбергер (19.30 часот)
За ПАОК и Волфсбергер сега почнуваат настапите во еврокуповите летово, ова е дуел од квалификациите во Лигата на Европа, па тој што ќе оди понатаму, има гарантирана европска есен. На овој меч на „Тумба“ во Солун, домашните се фаворити на хартија. Во подготвителниот период, ПАОК на сите мечеви и даваше и примаше гол и сите му беа ефикасни до 3+ погодоци. Волфсбергер во првото коло од австриската лига загуби 0-2 од Алтах, но во пријателски меч пред неполн месец го победија Бешикташ со 3-2 и тоа покажува дека нема да бидат лесен плен.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.21)
6850 Панатинаикос – Шахтар (20.00 часот)
Шахтар двапати го победи Бешикташ, и тоа со по два гола разлика, покажувајќи дека е опасен, а сега пак игра против балкански гигант. Зелените детелинки од Атина беа елиминирани од Глазгов ренџерс во квалификациите за ЛШ, а ждрепката не им беше наклонета, сега ќе имаат тешка задача и во квалификациите во ЛЕ. Овие два тима никогаш не играле еден против друг во минатото. Тука сите опции се во игра, можеби попаметно е да се одигра на голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)
6738 Лозана – Астана (20.15)
Убаво ќе беше наместо Лозана, против Астана да играше Вардар, но швајцарскиот тим покажа дека има потенцијал и убоит напад. Казахстанците го елиминираа молдавскиот Зимбру во претходното коло, и тоа благодарение на победата од 2-0 на реваншот на гости. Лозана викендов загуби од Тун во домашната лига. На 12 април е последниот меч кога Лозана не постигнала гол, па статистички овој меч нема шанса да заврши со најнепопуларниот резултат 0-0.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.35)
6851 ФЦСБ – Дрита (20.30 часот)
На романскиот првак не му цутат розите, против Шкендија делуваа како раштимуван оркестар, претходно се мачеа и со првакот на Андора, па ако не смениле нешто на психички план, не ги чека ништо добро ни против косовска Дрита. Дрита испадна од Копенхаген без даден гол на двата меча, но има на што да се надева против ФЦСБ кој загуби и од Динамо Букурешт во градското дерби од романската лига.
Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.65)
6744 Хајдук – Динамо Тирана (21.00 часот)
Кај овој пар од квалификациите во Конференциската лига, сплитскиот Хајдук е голем фаворит. Динамо дотука стигна благодарение на тесната победа над Атлетик Ескалдес од Андора, а Хајдук им ги кинеше нервите на фановите, но едвај по продолженија успеа да мине преку азербејџанскиот тим Зира. Доколку одигра како што може, Хајдук сигурно ќе го добие овој меч.
Предлог тип: 1-1 (1.72)