Навивачите на Ливерпул заслужено ѝ се радуваат на 19-та титула во Англија откако вечерва лидерот стана недостижен за ривалите по поразот на Манчестер сити од Челзи.
Веднаш беше објавена славеничка фотографија на социјалните мрежи, а очекувана е експлозијата на радост на Црвените во сезона што беше многу чудна.
Ливерпул доминираше и имаше повеќе проблеми со пандемијата со ковид-19 отколку со тивалите во Премиер лигата.
На „Енфилд роуд“ се стравуваше од евентуален прекин на сезоната и ситуација во која нема да може даа се доигра Премиер лигата, по што постоеше и варијанта да не биде прогласен првак на Англија.
До прекинот во март, Ливерпул имаше цели 25 бода предност пред Манчестер сити и беше јасно дека никако не може да ја прокоцка предноста во поспедните 9 кола, што требаше да се доиграат.
По долга пауза, англиското првенство продолжи на 20 јуни, а Црвените од „Енфилд роуд“ само две кола по рестартирањето стигнаа до титулата што ја чекаа цели 30 години.
Ова им е и прв шампионски пехар откако се игра Премиер лигата, а сега со 19 трофеи се за еден чекор зад рекордерот Манчестер јунајтед, кој има 20 титули првак на Англија.