Аргентина и Хрватска играа меѓу себе и на претходното Светско првенство во Русија, кога Коцкестите го демолираа јужноамериканскиот гигант и славеа со 3:0 во меч од групната фаза.
Дуелот ќе се памети по супер волејот на Анте Ребиќ, кога ја искористи грешката на Кабалјеро и погоди за 1:0 во 53-тата минута. Потоа следуваше евроголот на Лука Модриќ од над 20 метри за 2:0 во 80-тата минута, а точка на одличниот меч стави Иван Ракитиќ со погодокот во судиското надополнување.
Доколку верувате дека и вечерва може да се случи тоа сценарио во Катар, односно Хрватска убедливо да победи, квотите се огромни. За „полувреме-крај“ да биде Х-2 како пред четири години, квотата е 9.25. Ако верувате дека Хрватска повторно може да постигне три гола во мрежата на Аргентина, таа квота е огромна и изнесува 18.5.
За обична 2-ка со 3+ голови коефициентот е точно 10, додека неверојатна квота од 67 е да се повтори резултатот од 0:3 како во Русија.
На мечот од пред четири години двата тима играат со видно изменети состави, но факт е дека во Катар има и фудбалери кои беа и во Русија. Двете селекции и сега за лидери ги имаат Модриќ на едната и Меси на другата страна.
Еве како изгледаше дуелот на Аргентина и Хрватска пред четири години.