ПСЖ остана без европската титула во своето прво појавување во финалето од ЛШ, поразот од 0-1 од Баерн Минхен многу ги болеше навивачите на францускиот шампион. Не можејќи да го преболат неуспехот, навивачите почнаа да лудуваат низ улиците на Париз и направија неколку инциденти.
Запалени и превртени автомобили, судири со полицијата, а епилогот е повеќе од 150 приведени навивачи по тажната ноќ во Градот на Светлината.
Додека траеја немирите, на 770 километри од Париз се славеше поразот на Светците. Ултрасите на Олимпик Марсеј се радуваа што катарските милијарди не се доволни за гигантот од „Паркот на принцовите“ да ја освои Лигата на шампионите, па со пиротехника во боите на Баерн Минхен му се потсмеваа на ривалот.
Marseille fans let off fireworks in celebration of PSG losing the Champions’ League final. https://t.co/if7NIllx7B
— Get French Football News (@GFFN) August 23, 2020