Повеќе од 2.100 прогнозери составија тикет со квота 367.27

Во 21-то коло на Спортска прогноза учествуваа точно 2.125 прогнозери, а со нивните прогнози може да се состави тикет од преостанатите натпревари кои треба да се доиграат во текот на денот.

Вкупниот коефициент на седумте дуели е 367.27, што значи дека ако си ја пробате среќата со влог од само 100 денари, може да инкасирате повеќе од 500 евра.

Секако, за тоа да се случи, натпреварите треба да завршат според очекувањата на прогнозерите. Како најсигурен тип е „двојката“ на Ливерпул против Вест хем, дури 87,72% од учесниците типуваа победа на англискиот првак, која носи квота 1.85.

Речиси 70% од прогнозерите веруваат дека Аталанта повторно ќе го надигра Лацио како што беше во четвртфиналето од Купот на Италија, со коефиент 1.80 за „кец“.

Се дава доверба на Џенова и Горан Пандев дека ќе триумфираат кај Кротоне, тој тип носи квота од 2.60, додека Несторовски и Удинезе ќе ремизираат кај Специја за квота 3.25, според прогнозите на редовните учесници на Спортска прогноза.

3005 Специја – Удинезе X (3.25)

1704 Ница – Сент Етјен 1 (2.30)

2843 Феенорд – ПСВ Ајндховен 2 (2.50)

3008 Кротоне – Џенова 2 (2.60)

3006 Аталанта – Лацио 1 (1.80)

1808 Келн – Арминија Билефелд 1 (2.27)

1108 Вест хем – Ливерпул 2 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести