Повеќе од 2.500 прогнозери нудат тикет со феноменална квота 5.837!

Недела редовно е резервирана за прогнозерски тикет, а учесниците во 13-тото коло на Спортска прогноза овојпат нудат предлог тикет со фантастична квота 5.837.

Сè што треба е да се состави тикетот од преостанатите девет парови кои треба да се одиграат денес и утре, според прогнозите на 2.560 учесници.

Голем дел од прогнозерите се убедени дека Тотенхем ќе го добие дербито против Арсенал, па затоа 73,04% типуваа победа на тимот на Жозе Мурињо. Предлог тикетот почнува со два „икса“ на дуелите кои почнуваат во 13 часот, тоа се ВБА – Кристал палас, односно Лил – Монако.

Реми се очекува уште во мечот меѓу Осасуна и Бетис во Ла Лига, додека победи треба да издвојат Бордо, Аталанта, Вердер, односно во понеделник навечер Хофенхајм и Саутхемптон.

1006 ВБА – Кристал палас X (3.10)

1704 Лил – Монако X (3.40)

1706 Бордо – Брест 1 (2.20)

3007 Удинезе – Аталанта 2 (2.30)

1807 Вердер – Штутгарт 1 (2.80)

1307 Осасуна  – Бетис X (3.30)

1008 Тотенхем – Арсенал 1 (2.15)

1809 Хофенхајм – Аугсбург 1 (1.90)

1109 Брајтон – Саутхемптон 2 (2.90)

- Оглас -

Најнови вести