Мечот меѓу Хетафе и Рајо Валјекано го има приматот на мини мадридско дерби бидејќи двата клуба доаѓаат од предградието на главниот град на Шпанија. Нивната синоќешна пресметка ќе биде запамтена како нешто што повеќе од 20 години не е видено во шпанската еелитна фудбалска лига.
Фајтерски беа расположени двата тима, па имаше дури 34 фаули, три жолти картони, дури 159 долги топки од кои 43 биле прецизни. Имаше 30 центаршутеви од кои седум прецизни, едноставно типично борбена средба, а на крајот двата тима освоија по еден бод, бидејќи немаше голови.
Не само што немаше погодоци и дуелот заврши 0:0, туку двата тима во текот на сите 90 минути не успеаа да упатат ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Откако се користи Опта статистика а тоа е од 2003 година, во Примера дивисион не се случило да има меч на кој двата тима ќе бидат без ниеден удар во рамките на противничкиот гол.
Инаку, резултатот 0:0 кога играат овие два тима не е изненадување, ако се види традицијата која вели дека дури четири од последните шест пресметки на овие два клуба завршиле без голови.
0 – Getafe-Rayo Vallecano is the first LaLiga match since at least the 2003/04 season without a single shot on target. Stifling. pic.twitter.com/C7N195CGxE
— OptaJose (@OptaJose) August 24, 2024