Каталонската полиција уверува дека за време на првото овосезонско Ел Класико безбедноста ќе биде на исклучително високо ниво. Повеќе од 3.000 полициски службеници ќе го обезбедуваат просторот околу и во „Камп ноу“, додека околу 1.000 специјалци ќе бидат на готовс да реагираат доколку има потреба за такво нешто.
Комесарот на каталонската полиција, Мигел Буч, потврди дека дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид е под висок ризик, меѓутоа полицијата е подготвена на секаква можна незгода. На 18 декември, денот за кога е закажан фудбалскиот спектакл, ќе има протести за осамостојување на Каталонија, па затоа ќе има и големо присуство на полицајци.
https://twitter.com/mundodeportivo/status/1205447786092732418