Стандардно, Спорт Манија како и за секој поважен натпревар претходно, денеска организираше типување поврзано со дуелот Ерменија – Македонија. На нашата во текот на денот можеше да се прогнозира точниот резултат од мечот кој се одигра во Ереван. Подарокот за првите петмина кои требаше да го погодат точниот резултат беше официјален навивачки шал на Македонија.
Повеќе од 400 прогнозери го типуваа конечниот резултат, а на крајот само еден може да се пофали дека го погодил резултатот. Среќниот прогнозер е од Битола. Тој на страница на „Фејсбук“ типуваше дека Ерменија ќе победи со 4-0 и е добитник на еден од петте официјални навивачки шала.
Повеќе од јасно е дека овој шокантен висок пораз на Македонија на гостувањето кај Ерменија е за неверување кај симпатизерите на „црвено-жолтите“.