Марко Спортиело, голманот на италијанскиот тим Аталанта, никако да се излечи од опасниот корона-вирус. Повеќе од еден месец трае борбата на Спортиело, кој првпат беше потврдено дека е заразен на 20 март. Чуварот на мрежата на тимот од Бергамо повторно беше тестиран по 30 дена и изненадувачки, тестот повторно се покажал како позитивен.
Марко вели дека се чувствува добро, но тестовите се лоши, па затоа ќе мора и во следниот период да остане во самоизолација.