Повеќе од една деценија е Лисица, Каспер наскоро ќе ја брани Ница

Ница и Лестер се во преговори околу трансферот на искусниот голман Каспер Шмајхел. Данскиот чувар на мрежата по 11 години е на прагот да ги напушти Лисиците и кариерата да ја продолжи во француската Лига 1.

Шмајхел, според актуелниот договор, уште една година е член на Лестер, додека пак Ница му нуди повеќегодишна соработка и тоа е главна причина што на 35 години Данецот ќе ја промени средината.

Во Лестер ги помина најубавите години во кариерата. Беше протагонист на враќањето на Лисиците во Премиер лигата, а потоа како важен адут на Клаудио Раниери придонесе за чудото кое клубот го оствари во сезоната 2015/16, а тоа е освојувње на англиската титула.

Шмајхел настапуваше и во Лигата на шампионите, со Лестер стигна до четвртфиналето во сезоната 2016/17, каде што беше елиминиран од Атлетико Мадрид. Во 11 години, Каспер запиша дури 477 настапи за Лестер, а со оваа преселба првпат ќе брани надвор од Островот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести