Повеќе од половина Французи сакаат селекторот на националниот тим Дидие Дешан да ја напушти својата позиција, покажува истражување на социолошката агенција Одокса. За оставката на Дешан се залагаат 51% од анкетираните 1005 луѓе над 18 години.
Истражувањето покажува дека 58% од Французите се разочарани од настапот на фудбалската репрезентација на ЕВРО 2024. Дури 42% од анкетираните се загрижени за иднината на националниот тим.
Според 84% од анкетираните, причината што Франција не стигна до финалето е слабата ефикасност пред противничкиот гол. Дури 83% сметаат дека тимот не бил доволно агресивен во нападот, а 80% веруваат дека составот на Дешан играл здодевен фудбал.
Според 74% од анкетираните, Килијан Мбапе се претставил слабо на првенството, а 66% веруваат дека Антоан Гризман требало да биде стартер во полуфиналето против Шпанија.