Повеќе подароци е причина повеќе да играте Спортска прогноза!

 

Првото коло од петтата сезона на Спортска прогноза од вчера е достапно за играње. Комбинацијата од 13 натпревари од најпопуларните фудбалски првенства делува остварлива за погодување, а за да се потрудите да погодите што е можно повеќе типови, тука се трите различни подароци, од кои еден ќе можете сами да изберете доколку имате перфектен учинок.

Главната новина, како што напоменавме, е што за 13 погодоци подарокот нема да биде „ајфон“ како досега, туку најуспешниот ќе може да бира меѓу Samsung smart TV 55″ 4K, електричен тротинет Xiaomi и X-box Series X. Прогнозерите со 12 погодоци добиваат ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка ваучер од 500 денари.

Стандардно, награди ќе има за првопласираните петмина во Генералниот пласман. Победникот добива ваучер од 30.000 денари од „Техномаркет“, а за тие од второ до петто место предвидени се СЛ Маркет поени. Второто место носи 500.000 поени, третото 400.000, четвртото 300.000, а петтото место 200.000 СЛ Маркет поени.

Приклучете се, не испуштајте ниту едно коло од петтата сезона на Спортска прогноза, редовноста и упорноста се исплаќаат!

- Оглас -

Најнови вести