Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов, беше една од најголемите спортски ѕвезди кои попладнево беа присутни на „Олд Трафорд“, каде во живо го проследија фудбалскиот меч помеѓу Манчестер јунајтед и Евертон. Поддршката од трибините не беше доволна, Црвените ѓаволи освоија одвај еден бод против Карамелите.
Јунајтед му посака добредојде на големиот Хабиб кој ја заврши кариерата беа пораз. Хабиб е пријател на Кристијано Роналдо, навива за сите тимови за кои игра Португалецот, па затоа и носеше дрес со бројот 7.
Освен Нурмагомедов, таму беа и други легенди како Јамајчанецот Јусеин Болт кој е најбрз човек во историјата, и светски рекордер на 100 и 200 метри, а редовно се присутни и некогашни членови на клубот како Патрис Евра и најтреофејниот тренер на сите времиња, Сер Алекс Фергусон, кој 26 години беше на клупата на Јунајтед.