Повеќето клубови во Премиер лигата нема да го поддржат предлогот за укинување на ВАР-системот

Повеќето екипи кои се дел од Премиер лигата нема да ја подржат иницијативата да се укине ВАР-системот од следната сезона, тврди „Скај спорт“. Екипата на Вулверхемптон даде предлог за кој ќе се гласа на следниот состанок на клубовите кои се дел од Премиер лигата, а тоа е да се укине користењето на ВАР-системот.

За да биде укинато користењето на ВАР-технологијата, за предлогот на Вулверхемптон треба да гласаат најмалку 14 од 20-те клуба кои се дел од Премиер лигата.

Тешко е да се верува дека речиси 75 отсто од клубовите ќе се согласат да се укине користењето на ВАР-системот, кој во Премеир лигата беше воведен пред пет години.

Вулверхемптон во својот предлог за укинување на користењето на оваа технологија даде девет аргументи. Состанокот на сите клубови во Премиер лигата ќе биде следниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести