22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Повелете, дајте ни гол, почетничка грешка на Ренџерс (Видео)

Ренџерс синоќа против Клуб Бриж ги имаше можеби најлошите почетни 20 минути во својата историја, а сето тоа почна во третата минута, кога шкотскиот тим прими гол кој дојде по неверојатно недоразбирање на одбраната и голманот.

Саутар и Џига стоеја и мислеа дека голманот Батланд ќе ја земе топката, но тој беше премногу далеку, па Вермант ги изненади дефанзивците и без поголем проблем го лобуваше истрчаниот голман.

Голот може да го погледнете ТУКА.

На „Ајброкс“ се прави пеколна атмосфера и обично за гостинските екипи не е пријатно да се игра таму во првите минути, но синоќа ситуацијата беше обратна и Ренџерс беше нокаутиран набрзина. Бриж во 20-та минута водеше со 3-0 на крај победи со 3-1, ширум отворајќи си ја вратата за влез во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести