Александер Поветкин приреди голема сензација со победа со нокаут во петтата рунда против фаворизираниот Британец Дилијан Вајт.
Иако беше тотален аутсајдер, 40-годишниот руски боксер со еден удар и моќен аперкат во петтата рунда брутално го нокаутира Вајт.
https://twitter.com/6fivewithnohoes/status/1297298113754009605?s=20
Британецот беше во бесознание по тешкиот нокаут, па мораа да му помогнат со кислород за да се освести по страшниот аперкат на Поветкин.
Вајт ја контролираше борбата во која беше голем фаворит, Поветкин двапати беше во нокдаун, но со само еден удар комплетно се сврте текот на мечот и аутсајдерот славеше неочекувана победа.
Со победа Вајт требаше да биде прв предизвикувач на победникот од дуелот меѓу Фјури и Џошуа, но по тешкиот пад и нокаут ноќеска сега статусот му е неизвесен.
Британецот беше толку разнишан што и не се појави на прес-конференцијата по мечот.
„Не очекував дека на овој начин ќе го решам мечот, но верував во себе, иако двапати бев во нокдаун. Ни тоа не ме разниша и среќен сум што успеав да пласирам удар со кој го нокаутирав Вајт. Не знам што ќе биде во иднина, за тоа одлучуваат моите менаџери“, изјави Поветкин.