Повик од Кречмар не се одбива: Сензационален камбек на хрватската легенда, ќе игра ракомет и во 41-вата година од животот

Легендарниот хрватски ракометар Игор Вори повторно се активира по три години пауза и ќе игра за познатиот германски тим Фуксе Берлин.

Во 41-вата година од животот, познатиот пивот одлучи пак да игра ракомет откако доби повик од уште една голема легенда, Штефан Кречмар.

Кречмар е спортски директор на Фуксе и не се двоумеше да го повика Вори да помогне, иако Хрватот се прости од ракометот пред 3 години.

„Ако стигне до вечер, веднаш ќе му се приклучи на тимот“, изјави Кречмар.

Фуксе има проблем со повреди, а надвор од редовите е првиот пивот Јохан Кох, кој не може да игра до крајот на сезоната, па една од алтернативите на таа позиција ќе биде Вори.

Вори е еден од најтрофејните ракометари на планетата и има медали од сите големи натпреварувања и златни одличја со Хрватска од Светско првенство и Олимпијада.

Моментно е селектор на Хрватската репрезентација до 21 година, а сега повторно ќе се активира и ќе игра ракомет во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести