18.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Повикот од Хаџи не се одбива, Бобан Николов потпиша за Фарул Констанца

Македонскиот фудбалер за врска, Бобан Николов, е нов играч на романскиот Фарул Констанца, денеска потпиша двегодишен договор.

Николов, кој има 31 година, кариерата ја започна во младинскиот тим на Брегалница Штип пред да пристигне во Романија, во Академија Хаџи, во летото 2010 година. Инаку, Фарул всушност е Академија Хаџи и е во сопственост на легендата Георге Хаџи. 

Николов своето деби во романската лига како сениор ја имаше во март 2013 во дресот на Виторул Констанца. Потоа од 2015 до 2018 играше за Вардар. Настапуваше и за Фехервар, Лече, Шериф Тираспол, ФЦСБ, Кишварда и Борац Бања Лука. Сега пак е во Романија, каде што не би требало да има проблем со адаптацијата со оглед на тоа дека ги познава земјата и јазикот. 

- Оглас -

Најнови вести