Повикот од матичниот клуб не се одбива: Тијаго Алкантара се пензионира, но ќе се врати во Барселона

Тијаго Алкантара само пред неколку дена објави дека заминува во фудбалска пензија само на 33 години откако Ливерпул не му го продолжи договорот. Тој својата кариера ја започна во Барселона, а потоа преку Баерн Минхен стигна во редовите на Црвените од Енфилд.

Сепак, Шпанецот сега може да се врати во Каталонија, но не како фудбалер. Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, веднаш штом ја добил информацијата дека Алкантара се пензионирал, побарал од раководството на клубот да го повикаат да биде дел од неговиот стручен штаб, што веднаш било и направено.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1810367002726264944?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1810367002726264944%7Ctwgr%5E3c9cecf3b060a2a205acd4692eb2426181f75df4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fthiago-alcantara-barcelona-povratak-strucni-stab-hansi-flick%2F477795

Според информации блиски до поранешниот фудбалер, Тијаго Алкантара размислува да ја прифати понудата, па за него тоа ќе биде враќање во Барселона по 11 години, но овојпат како тренер.

- Оглас -

Најнови вести