Повлечен жолтиот картон на Морено, прославата не беше провокација до навивачите на Атлетико (видео)

Од таборот на Вилјареал потврдија дека комитетот на Ла Лига го повлече жолтиот картон кој Херар Морено го заработи изминатиот викенд во натпреварот против Атлетко Мадрид.

Шпанскиот голгетер по постигнувањето на голот за 2-0 во корист на Вилјареал во финишот од мечот, тргна кон трибината каде што имаше навивачи на Јорганџиите да прослави, по што неговата гримаса беше сфатена како провокација. На тоа реагираше Јан Облак, по што настана мешаница, додека Морено цело време повторуваше „не, не“, нагласувајќи дека не провоцира.

Фудбалерот на Жолтата подморница се изјасни јавно дека гримасата ја прави извесен период, и тоа поради ќерка му кога го гледа на ТВ. И комитетот се согласи на фактот дека немаше никаква намера, односно има докази дека Морено и во минатото на тој начин ги прославувал погодоците за тимот на Унај Емери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести