Адвокатскиот тим на жртвата во овој случај, Катрин Мајорга, која го обвини Кристијано Роналдо за сексуален напад, ја повлече тужбата против ѕвездата на Јувентус. Ова се случило уште минатиот месец и притоа двете страни успеале да сокријат од јавноста, а наводите се дека Мајорга сама одлучила да ја повлече тужбата.
Мајорга во септември минатата година покрена тужба против Роналдо дека во 2009 година при нивното запознавање во Лас Вегас, тој ја одвел во хотелската соба, каде што ја нападнал и се обидел да ја силува, односно го сторил тоа. Иако тоа го демантираше Португалецот, Мајорга воедно потврди дека неговите адвокати ѝ исплатиле 295 илјади фунти за да молчи.
Роналдо во неколку наврати ги демантираше овие оптужби, прво со видеопорака на „Инстаграм“, како и со соопштенија на „Твитер“.