Атлетико Минеиро ја освои шампионската титула во бразилското првенство, тимот од Бело Оризонте стана недостижен за вториот Фламенго и ова е прв шампионски трофеј за клубот дури по 50 години.
На Атлетико му требаше победа на гостувањето кај Бахија, но Петлите не дојдоа лесно до целта. Бахија водеше со 2-0. Сепак, Хулк и пенал и двата гола на Кено донесоа пресврт и голема радост.
Главни ѕвезди на Атлетико се 35-годишниот Хулк и 33-годишниот Диего Коста, фудбалери кои во кариерите имаа играно и на Светски првенства (Диего играше за Шпанија), но до синоќа немаа титула во родната земја. Нивното ангажирање се покажа како вистински погодок, но не само нападот, туку и одбраната заврши голем дел од работата.
Ветеранот Хулк во Бразил се врати од Кина, каде што играше за Шангај. Сезонава даде 18 гола и беше еден од клучните играчи на Атлетико. Титулата се славеше по улиците, се одржа парада, а шампионите беа чекани и на аеродром.
Ова е голот на Кено за 3-2 и титула на Атлетико:
https://twitter.com/i/status/1466536898927771656