Холанѓанецот Арјен Робен не е во комбинација за дуелот меѓу Баерн и АЕК вечерва, од 21 часот, на „Алијанц арената“ во Минхен. Вториот дел од популарното дуо „Робери“, Франк Рибери е во стартните 11 на апсолутниот фаворит Баерн.
Гигантот од Германија има 7 бодови, како и Ајакс, Бенфика е трета со 3 бодови, а грчкиот првак е со три порази и без бодови.
Еве ги составите на двата тима:
Алијанц арена – Минхен
Баерн (4-3-3) Нојер – Алаба, Хумелс, Боатенг, Кимих – Горецка, Мартинес, Милер – Рибери, Левандовски, Гнабри.
АЕК (5-3-2) Баркас – Бакакис, Ламбропулос, Чигрински, Ќосиќ, Хулт – Галанопулос, Симоес, Алеф – Понсе, Манталос.