Повредата е минато за Чурлинов и по пауза од три и пол месеци заигра за Барнли

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се опорави од повредата и по пауза од повеќе од 100 дена настапи на официјален натпревар во дресот на Барнли.

Чурлинов влезе во игра во финишот од мечот од 22-то коло од чемпионшип дивизијата меѓу КПР и Барнли во кој неговиот тим славеше со 0:3.

Македонецот доби шанса во 89-та минута влегувајќи на местото на Корк, во моменти кога победникот беше веќе решен.

Чурлинов досега настапи на четири натпревари за Барнли, но поради повреда на бутниот мускул, три и пол месеци беше надвор од тимот.

Во последните десетина дена, Чурлинов на тренинзите работеше со максимален напор и тренерот Венсан Компани денеска му даде шанса да ги одигра првите минути по долгата пауза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести