Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски, после пауза од 50-тина дена, конечно се врати во составот на Жирона, но не доби шанса за настап на мечот против Рајо Ваљекано.
Тоа се добри вести и за селекторот Благоја Милевски, бидејќи повредата за нашиот репрезентативен напаѓач е минато. Миовски последниот настап го имаше против Реал Мадрид на седми декември минатата година, кога се повреди и од тогаш воопшто не беше дел од составот на Рајо Ваљекано.
Што се однесува до мечот во предградието на Мадрид, Жирона поведе преку Жил во 58-мата минута, но Рајо Ваљекано направи пресврт за само три минути со двата гола на Нтека во 80-тата и 83-тата минута.