Повредата е страшна: За Велбек тоа беше последниот меч во кариерата?

Англискиот репрезентативец Дени Велбек доживеа вистински кошмар на синоќешниот дуел меѓу Арсенал и Спортинг, во рамките од Лигата на Европа. По еден напад на Арсенал, Велбек се обиде со глава да даде гол, а по доскокот лошо назгази и го свитка зглобот на ногата.

Велбек заработи скршеница и веднаш беше пренесен во болница. Неполни 24 часа од повредата, дел од британските доктори предвидуваат дека може да се случи и најлошото, а тоа е крај на кариерата на Велбек.

„Трајно дислоцирање на зглобот може да значи и крај на фудбалската кариера. Тоа е тип на повреда за која нема рехабилитација“, објаснува медицинскиот стручњак Џонатон Вилсон, кој има работено во неколку премиерлигашки клубови.

Доколку се остварат најстрашните прогнози, тоа ќе значи крај на кариерата ан Велбек, кој има само 27 години. Велбек е член на Арсенал од 2014 година, кога направи трансфер од лутиот ривал Манчестер јунајтед.

https://youtu.be/4943US0yBjs

 

- Оглас -

Најнови вести