Пари Сен Жермен минимално со 1:0 славеа против Сент Етјен во финалето на Купот на Франција. Светците ја оправдаа улогата на фаворити, но до последните моменти стравуваа за трофејот. Бразилецот Нејмар беше стрелец на единствениот гол кој на крај се покажа како победнички. За ПСЖ ова е 13-ти трофеј во ова натпреварување.
Резултатот од финалето на „Стад д Франс“ на крајот остана во сенка на тоа што се случи во 30-тата минута. Килијан Мбапе беше во контра напад кога врз него крвнички стартуваше противничкиот играч Перин. Мбапе падна како покосен и во болки бараше лекарска помош. Перин заработи црвен картон, а Мбапе со солзи во очите го напушти теренот.
Пред крајот на мечот, Мбапе се врати со бандажирана нога и на штаки, а дополнителните лекарски прегледи треба да кажат за каков вид на повреда се работи.
Крвничкиот старт на Перин врз Мбапе може да го видите ТУКА.
Retour en aircast et béquille de Kyllian Mbappé pic.twitter.com/Go8PfFm7IC
— SortiSurBlessure (@SortiSur) July 24, 2020