Повредата на Бензема не е сериозна, ќе игра против Германија

Повредата на Карим Бензема на бутниот мускул не е сериозна, тврдат од таборот на репрезентацијата на Франција, што значи дека искусниот голгетер ќе биде во конкуренција за настап од првата минута во дуелот против Германија од првото коло на Европското првенство.

Бензема мораше предвреме да ја заврши контролката против Бугарија која Триколорите ја добија со 3-0, по што се влеа страв кај светскиот шампион дека ќе остане без еден од главните адути за големото натпреварување. Сепак, прогнозите од медицинските прегледи се позитивни, а Бензема има уште пет дена да ја поврати формата пред дуелот против Панцерите.

„Ситуацијата со Карим се следи константно, засега неговиот настап против Германија не се доведува во прашање“, велат од таборот на Триколорите. Дополнителна добра вест за Дешамп е што и Рабио и Коман се вратија во тренажен процес, па со комплетен тим ќе стартува на континенталниот собир.

Дуелот меѓу Франција и Германија е најголемото дерби во првото коло од групите, кои на 15 јуни ќе ги одмерат силите на „Алијанц арената“ во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести