Повредата на дефанзивецот не е наивна: Заврши полусезоната за Ѓоко Зајков

Централниот дефанзивец на фудбалската репрезентација на Македонија, Ѓоко Зајков, на квалификацискиот натпревар против Малта се здоби со повреда, која на прв поглед можеби и не изгледаше толку тешка. Сепак, дополнителните прегледи покажаа дека има сериозна повреда на вратните пршлени и тој итно беше опериран.

Сега од неговиот клуб, Универзитатеа Крајова, информираат дека процесот на рехабилитација започнал и тој ќе трае најмалку два месеца. Тоа значи дека 2023 е завршена на фудбалски план за Зајков и тој освен што нема да игра за својот клуб, нема да му биде на располагање ниту на селекторот Благоја Милевски за финишот од квалификациите за Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести