Повредата на Халанд не е сериозна, Милионерите ќе мораат на реванш со Севилја без Санчо и Гереиро

Ерлинг Халанд нема сериозна повреда, иако по еден час игра беше повлечен на дербито со Баерн Минхен и ќе може да настапи во реванш мечот од Лигата на шампионите против Севилја.

Откако му даде два брзи гола на шампионот во стартните 9 минути, Халанд настрада по стартот на Џером Боатенг и беше заменет во 60. минута.

Стравот на Милионерите дека норвешкото фудбалско чудо нема да може да игра против Севилја, задутре на „Сигнал Идуна Парк“ сепак го отстранија прогнозите на лекарскиот тим мои се охрабрувачки. Халанд ќе биде подготвен за настап на мечот што Борусија ќе го почне со 3:2, најмногу благодарение токму на Халанд, кој постигна два гола на „Санчес Писхуан“.

На реваншот сигирно нема да игра втората млада ѕвезда Џејдон Санчо, кој не настапи нитупротив Баерн Минхен и со него веројатно и Рафаел Гереиро.

„Секако дека отсуството на Џејдон и на Рафаел ќе биде голем удар за нас, но добро е што Халанд ќе може да игра. Тоа ќе биде голем потстрек за тимот, а се надеваме дека ќе успееме по четири сезони пауза да бидеме меѓу осумтте најдобри екипи во Европа“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести