Португалскиот бек Жоао Кансело, ќе треба да паузира околу две недели, после повредата на коленото која ја здоби синоќа при гостувањето на Барселона кај Лас Палмас.
Кансело нема тешка повреда (истегнување на страничен лигамент), но нема да биде во можност да настапи на Суперкупот на Шпанија кој ќе се игра во Саудиска Арабија, а на кој Барса во полуфиналето игра со Осасуна и веројатно ќе влезе во финале против еден од мадридските ривали Реал или Атлетико.
После Суперкупот, Каталонците треба да се сретнат со Бетис и можеби тоа е мечот на кој Кансело најрано би се вратил на терените.