Повредата на Кјеза го доближува Депај до преселба во Јувентус

Трампата на напаѓачи помеѓу Барселона и Јувентус сега по повредата на Федерико Кјеза изгледа уште поверојатна.

Шпекулациите се дека Алваро Мората ќе замине во Барса, а Каталонците во Јуве ќе го испратат Мемфис Депај. Холанѓанецот е сличен тип на напаѓач како Кјеза за кого сезонава е завршена.

Мората е незадоволен во Јувентус, а и Депај, кој не е класичен шпиц, не се вклопува во тактичките шеми на Чави, го има истиот проблем каков што имаше и Антоан Гриезман. Депај има двегодишен договор и Барса мора брзо да се раздели со него ако сака да заработи нешто.

Старата дама во Мемфис гледа замена за Кјеза, а ако останат без Мората, би тргнале по Мауро Икарди.

- Оглас -

Најнови вести