4.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Повредата на Кристенсен ќе ѝ дозволи на Барселона да регистрира ново засилување

Раководството на Барселона има рок до 15 јануари да ја пријави тешката повреда на Андреас Кристенсен во Ла Лига, пишува „Мундо депортиво“.

Данскиот репрезентативец има делумно кинење на предниот вкрстен лигамент на левото колено и ќе биде подолг период надвор од терените.

Ова ќе им овозможи на Каталонците во јануари да ангажираат негова замена, што е желба на Ханси Флик. Правилата во Ла Лига ѝ дозволуваат на Барселона да искористи 80% од платата на Кристенсен за да регистрираат друг фудбалер.

Барселона внимателно ќе го анализира трансфер-пазарот, а според информациите, намерата е да биде доведен играч кој ќе се вклопи во стилот на игра на тимот.

- Оглас -

Најнови вести