Ѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо ќе биде надвор од терените околу еден месец. Медицинските прегледи потврдија истегнување на задниот бутен мускул на десната нога кај фудбалерот на Ал-Наср.
Португалската ѕвезда ја заработи повредата на натпреварот против Ал-Фајха од 24-тото коло од првенството на Саудиска Арабија.
Според новинарот Фабрицио Романо, отсуството на напаѓачот би можело да трае меѓу две и четири недели.
Во тој период Роналдо ќе помине програма за рехабилитација под надзор на медицинскиот тим на клубот, а неговата состојба ќе се следи секојдневно, со дополнителни тестирања за попрецизна проценка на рокот за враќање на терен.
Повредата сериозно го доведува во прашање неговиот настап на претстојните пријателски натпревари на Португалија во март против Мексико и САД.
Селекторот Роберто Мартинес ќе го следи процесот на закрепнување, но во моментов изгледа извесно дека Роналдо ќе пропушти дел од следните обврски и на клупско и на репрезентативно ниво.

