Повредата на Мајк Мењан ги мачи Росонерите пред градското дерби

Голманот на Милан, Мајк Мењан, избегна сериозна повреда по синоќешниот пораз (1-3) од Ливерпул во Лигата на шампионите, пренесуваат италијанските медиуми.

Францускиот репрезентативец имаше неколку проблеми за време на натпреварот. Само по неколку минути од почетокот на средбата побара медицинска помош поради болка во десната нога. На крајот од првото полувреме повторно му беше потребна лекарска интервенција поради проблем со левиот глужд.


Во 51-вата минута дојде до судир меѓу Мењан и неговиот соиграч Фикајо Томори, по што голманот го повреди десниот бутен мускул и мораше да биде заменет. На негово место шанса доби 19-годишниот дебитант Лоренцо Торијани.

Првичните прегледи покажаа дека Мењан нема сериозна повреда, туку станува збор за удар во десниот бутен мускул. Сепак, ќе следуваат дополнителни испитувања за да се утврди степенот на повредата.

Засега голманот е под знак прашалник за градското дерби против Интер, кое се игра в недела.

- Оглас -

Најнови вести