34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Повредата на Младеновски значи поголем простор за Крстевски

Селекторот Јорданчо Давитков нема да смета на Љубомир Младеновски за неделниот дуел против Косово, па ротацијата на центарската позиција ќе биде сведена на Шејн Витингтон, Бојан Трајковски и Бојан Крстевски, а како крилни центри ќе бидат и Андреј Маслинко и Стојан Ѓуроски. Крстевски од Работнички е човекот кој ќе треба да го покрие неиграњето на Младеновски. Тој има искуство и знаење да помогне кога селекторот ќе процени дека има потреба од него.

Младеновски има скршеница на коска во дланката и нема да може да игра до нова година. Ова е хендикеп за репрезентацијата, но уште поголем за МЗТ Скопје Аеродром, каде што Бубе е единствен класичен центар. Особено во домашното првенство ќе биде проблем, Младеновски игра повеќе поради правилото за задолжителен настап, но и во АБА 2 на „металците“ им претстојат мечеви на кои присуството на Младеновски ќе беше од полза.

Националниот тим од денеска е во Гевгелија, „црвено-жолтите“ ќе тренираат во „26 Април“, каде што во недела, од 17.45 часот ќе си ги одмерат силите со Косово во меч од претквалификациите за Евробаскетот 2021.

 

- Оглас -

Најнови вести