Повредата на Надал е сериозна, го чека подолга пауза

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе паузира од шест до осум недели, по повредата здобиена за време на настапот на Отвореното првенство на Австралија. Надал изненадувачки беше елиминиран уште во второто коло од Амекриканецот Мекдоналд, но причина за овој пораз е повредата со која Шпанецот реши да игра и да не го предаде дуелот.

По направените прегледи, лекарите дијагностицирале дека има истегнување на мускулот на левата нога.

„Направив медицински тестови и магнетната резонанца покажува лезија од втор степен во мускулот илиопсоасот. Сега е потребен одмор и антиинфламаторна физиотерапија. Нормално време за опоравување од шест до осум недели“, напиша шпанскиот тенисер на својот Твитер профил.

Што значи дека Надал сигурно нема да учествува на АТП 250 во Доха, на АТП 500 во Дубаи, а тешко дека би било подготвен за турнирот во Лас Вегас на почетокот на март, како и за Индијан велс 1000.

Надал во јуни ќе наполни 37 години и ќе биде интересно да се види како Шпанецот ќе успее да се врати по двомесечната пауза. Тој е рекордер со машкиот тенис со 22 освоени Гренд слем титули.

- Оглас -

Најнови вести