Германската фудбалска репрезентација тргна со две победи над Лихтенштајн и Исланд во септемврискиот циклус од мундијалските квалификации под водство на новиот селектор Ханси Флик. Во тие дуели, еден од играчите кои се истакнаа со новиот предводник е искусниот Марко Ројс, капитенот на Борусија Дортмунд, кој пак за утрешното гостување кај Исланд нема да биде во конкуренција за настап.
Ројс се здоби со повреда на коленото непосредно пред натпреварот, но неговото отсуство не би требало да претставува проблем за Панцерите, кои поседуваат огромен напаѓачки квалитет и кој било друг играч ќе се обиде да го пополни неговото отсуство. Ројс блескаше против Ерменија со погодок и асистенција, додека против Лихтенштајн заигра како резерва.
Со евентуална победа Германците утре ќе може да се зацврстат на врвот од табелата во нашата група Ј, во која засега предводат со 12 бода, два повеќе од Ерменија. Македонија има осум бода на четвртото место, пред неа е Романија, утрешниот противиник на Рисовите, со девет бода. Следува Исланд со четири и Лихтенштајн без ниту еден освоен бод по пет натпревари.