Повредата не е сериозна, но не се знае колку Џејмс ќе паузира

Леброн Џејмс вчера се повреди во мечот меѓу ЛА лејкерс и Атланта хокс кој шампионот го загуби со 94:99 на домашен терен. За среќа, повредата на глуждот од десната нога на Џејмс не е сериозна, но од таборот на Лејкерси не сакаа да издвојат временски период во кој лидерот на екипата ќе паузира.

Кралот мораше да го напушти дуелот во втората четвртина, откако противнички играч падна врз неговата нога по што дојде до повредата. Џејмс се форсираше и за момент остана на теренот, но болките беа очигледни, по што замина во соблекувалната и не се врати на паркетот.

Така Лејкерси останаа без двете најголеми ѕвезди во екипата, ако се знае дека и Ентони Дејвис подолг период е во аут.

Џејмс инаку бележи уште една феноменална сезона во која просечно реализира по 25 поени, 7,9 скока и 7,9 асистенции по натпревар, учинок кој со сигурност ќе им недостасува на Езерџиите во наредниот педио.

- Оглас -

Најнови вести