Повредата не толку страшна: Салах би требало да игра против Барселона

Ливерпул повторно е лидер во Премиер лигата, откако со 3:2 славеше на гости кај Њукасл. Радоста за триумфот беше поматена со стравот поради повредата која ја заработи првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах. Голгетерот на Ливерпул беше изнесен на носилки поради повреда на главата.

По судар со голманот на Њукасл, Салах неколку минути остана да лежи на тревата, а лекарите го изнесоа, додека фановите на Њукасл го испратија со аплауз. Првично делуваше дека повредата е сериозна, но според најновите информации, Салах не е пренесен ниту во болница, а тоа го потврди и тренерот Јирген Клоп.

„Салах е добро. Во соблекувалната го изгледа целиот меч до крај“, рече Клоп. Ако Салах не почувствува дополнителна компликација од ударот, се очекува тој да биде подготвен за реванш дуелот против Барселона в вторник, во полуфиналето од Лигата на шампиони. Ливерпул ќе брка негатива од 3:0 на „Енфилд Роуд“.

- Оглас -

Најнови вести