Повреден фудбалер два и пол часа чекаше брза помош, и тоа во Англија

Во ниските дивизии во Англија се случи еден редок настан, кој стана популарен. На двобојот од Националната лига југ, шесто ниво во англискиот фудбал, повреден играч лежеше на теренот и чекаше да пристигне возило на брза помош неверојатни два и пол часа!

Средбата помеѓу Труро сити и Конкорд ренџерс беше прекината поради повреда на рамото на еден играч на Труро. Мечот беше прекинат во 16.30 часот по локално време, а брзата помош се појави дури во 19.10 часот. Интересно е што од регионалниот центар на брзата помош велат дека реагирале во рамките на дозволеното време.

На крај, фудбалерот беше пренесен во болницата која се наоѓа на околу 3 километри од стадионот. Во тие 160 минути, физиотерапевтот се обидувал со разни средства да го имобилизира рамото на фудбалерот. Мечот бил прекинат во 18 часот бидејќи тогаш од теренот си заминало обезбедувањето кое било ангажирано до тој термин.

- Оглас -

Најнови вести