Повредени се четворица напаѓачи: Ќе има ли кој да даде гол за Барселона?

Барселона ја игра една од најлошите сезони во последните дваесетина години. Каталонскиот гигант досега освои само 23 бода од 15 меча и е на осмото место на табелата, со дури 16 бода заостанување зад најголемиот ривал и моментален лидер Реал Мадрид.

Поради лошите резултати беше сменет тренерот Роналд Куман, а на негово место дојде Чави Ернандес. Играчката легенда на Барселона сега во улога на тренер треба да ја спаси Барселона.

Од доаѓањето на клупата, Чави најави дека еден од првите кои ќе ги продаде во јануари ќе биде Лук де Јонг. На последните 10 меча, Де Јонг одигра само 19 минути, што е просек помалку од две минути на меч.

Сепак, денеска токму Де Јонг може да биде спасителот на Чави. Во Барселона е „болница“ па поради најразлични повреди ги нема Жорди Алби, Педри, Роберто и напаѓачите Депај, Фати, Брајтвајт и Агуеро. Де Јонг е единствниот напаѓач на располагање на Чави.

Барселона има проблем со реализацијата, па на последните четири средби, три ги заврши без да погоди. Сега ќе биде интересно да се види дали каталонците ќе најдат начин како да ја затресат мрежата на домаќинот кој секогаш е опасен кога игра во Памплона.

- Оглас -

Најнови вести