Повредениот Белингам даде ветување до соиграчите и навивачите

Големата фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингам ќе паузира најмалку еден месец по повредата на мускулот на десната нога. Белингам кој е еден од главните фудбалери на Реал, вели дека не е научен да биде надвор од фудбалскиот терен, но дека кога мора да паузира, тогаш, ќе се подготовува да биде во топ форма кога ќе се врати.

„Најмногу што мразам е да пропуштам натпревар, но можеби треба да гледам на оваа ситуација од позитивен аспект. Можеби моето тело ми вели дека ми треба малку одмор по напорната сезона што ја имав. Кога ќе се приклучам на тимот повторно ќе бидам во мојата најдобра форма“, вели Белингам.

Реал Мадрид в недела на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести