Повредениот Џошуа главна ѕвезда на анти-расистички протест

Британецот Ентони Џошуа кој е светски првак во бокс тешка категорија во четири од петте верзии, учествуваше на анти-расистички марш во родниот Вотфорд, а држеше и говор.

Џошуа на протестот се појави со патерици, и иако има повреда на левото колено, тоа не го спречи да се појави на маршот по повод убиството на Афро-Американецот, Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата во САД.

Иако Џошуа треба да се бори и да ги брани појасите, а со појавувањето со помагала ги исплаши своите фанови, сепак портпаролот на светскиот шампион смета дека нема место за тревога и дека ова е само од претпазливост бидејќи Ентони неделава почувствувал мала непријатност во коленото на еден тренинг. Џошуа требваше да ги брани титулите против Бугаринот Кубрат Пулев на 20 јуни, но двобојот беше одложен поради пандемијата.

Тој не само што се појави на протестот во Вотфорд, туку и држеше говор во кој кажа дека полициското насилство врз луѓето поради нивната боја на кожа, мора да престане.

- Оглас -

Најнови вести