Повредите го „убиваат“ Реал, Милитао изнесен на носилки

Повредите продолжуваат да го десеткуваат Реал Мадрид. Дури тројца нови фудбалери на Реал заработија повреди на денешниот меч против Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“.


Родриго, Лукас Васкес и Милитао принудно излегоа од теренот, а најтешко мина Бразилецот Милитао кој беше изнесен на носилки и речиси сигурно има посериозна повреда на коленото.

Родриго се врати во стартниот тим на Анчелоти, но уште во 20-та минута, Бразилецот мораше да го напушти теренот поради повреда. Набргу потоа, Едер Милитао исто така се повреди, а на теренот влезе младинецот Раул Асенсио, за кого ова е дебитантски настап.

По ова и Лукас Васкес почувствува болки и мораше да биде заменет на полувремето.

- Оглас -

Најнови вести