Повторно бараат начини за да не ги признаат рекордите на Ѓоковиќ, Американка има лудо објаснување зошто Новак не е најдобар

Поранешната американска тенисерка Пем Шривер, смета дека Новак Ѓоковиќ не ја престигнал Штефи Граф и дека Германката има подобар скор од него.

Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 378-та недела на првото место на АТП ранг-листата и со тоа ја престигна Штефи Граф која 377 недели беше најдобра тенисерка на светот.

Иако многумина сметаат дека овие рекорди не треба да се споредуваат, критичарите на Новак постојано се обидуваат да ги негираат неговите достигнувања и сега имаат ново, неверојатно објаснување.

Шривер смета дека не треба да се гледа бројот на недели поминати на првото место на АТП или на ВТА ранг-листата, туку треба да се воведе „процент на вкупно недели поминати на првото место“ и во тој случај Штефи Граф би била подобра од Новак.

Според Шривер, Граф само 17 години била професионална тенисерка, додека Новак ја игра 20-та година како професионалец.

„Во денешно време, кариерите на тенисерите се подолги бидејќи напредуваа науката и медицината, а играчите имаат поголеми тимови околу себе. Сигурна сум дека Штефи Граф има најголем процент на недели поминати на првото место“, вели Шривер.

 

- Оглас -

Најнови вести