Повторно Лукаку, „ѓаволите“ водат со 2-1 во Париз (видео)

Неверојатни сцени се случуваат на „Паркот на принцовите“, Манчестер јунајтед повторно води против ПСЖ и повторно Ромелу Лукаку е стрелец. За 2-1, Белгиецот имаше голема помош од Буфон, кој ја испушти топката по удар на Рашфорд и му остави отворен пат на Лукаку до голот. Уште поневеројатен е фактот што фудбалерите на Солскјер имаат само 20 отсто посед на топката, а во два наврати успеаја да го совладаат големиот Буфон.

Ништо не е завршено, гостите со уште еден гол, односно ако мечот заврши со 3-1 во нивна корист, може да се најдат во четвртфинале.

Претходно, Порто во 26-тата минута поведе со 1-0 против Рома со голот на Соарес, а 11 минути подоцна Де Роси од пенал израмни за „волчицата“.

https://www.dailymotion.com/video/x73msxk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести