29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Повторно „мириса“ на гол во почетните 10 минути, куп дуелите најчесто завршувале без победник

Ждрепката во англискиот ФА Куп сакаше уште во четвртото коло да има едно големо дерби. Арсенал е домаќин на Ливерпул, што значи дека уште во раната фаза од ова натпреварување ќе мора да испадне еден од фаворитите за освојување на пехарот.

Овој меч доаѓа во лош момент за Арсенал, затоа што тимот на Микел Артета е во лоша форма и има само една победа во последните шест средби кои ги одигра. Ливерпул игра многу посигурно и токму со последните две победи во првенството, со симна Арсенал од врвот на табелата во Премиер лигата.

Последниот меч на овие два тима беше пред само две недели кога се сретнаа на „Енфилд роуд“, а на крајот заврши 1:1. Двата тима негуваат офанзивен фудбал и секогаш кога играат треба да се очекуваат погодоци, но има една интересна статистика.

Кога овие два ривали се среќаваат во Куп средби, традицијата вели дека тешко да се очекуваат многу голови. На последните три Лига куп средби и еден меч од Комјунити шилд немало повеќе од два гола. Сепак, се памти и шоуто кое го приредија во 2019 година кога одиграа 5:5. Интересно е и тоа дека на четири од последните дуели што не се во првенството, било нерешено по 90 минути игра.

Во денешниот Специјален сингл на Sport Life има многу интересни понуди. Арсенал ја има фаворитската улога, а главна опција за постигнување на првиот гол се Еди Нкетија (2.80 коефициент), Габриел Жезус (три квота) и Бакојо Сака (3.40).

Интересно е дека на последните три меѓусебни дуели, првиот гол се постигнува во почетните 10 минути од средбата. Во понудата на Sport Life, може да се одигра и за вкупниот број на жолти картони и бројот на изведени корнери, а тука е и опцијата за прв и последен корнер, прв жолти и прв црвен картон, како и тоа дали ќе има пенал и кој прв ќе направи измена.

- Оглас -

Најнови вести